Островските земји од Тихиот Океан бараат САД да се вратат во Парискиот климатски договор

Островските земји од Тихиот Океан бараат САД да се вратат во Парискиот климатски договор
6.09.18   20:33

Прочитано : 37

Print This Article

Островските земји од Тихиот Океан бараат САД да се вратат во Парискиот климатски договор

Островските држави од Тихиот Океан во заедничка декларација за климатските промени ги повикаа САД да се вратат во Парискиот договор за климата.

Декларацијата е усвоена на самитот на 18-те земји во малата островска држава Науру.

– Климатските промени претставуваат најголемата поединечна закана за егзистенцијата, безбедноста и просперитетот на народите од Пацификот”, се вели во декларацијата. „Се надеваме дека САД повторно ќе станат дел од Парискиот договор, бидејќи значително намалување на штетните емисии е невозможно се додека најголемиот извор на стакленички гасови не учествува во процесот, рече премиерот на Тувалу, Енеле Сопоага.

Присутните потсетија дека еден од 18-те учесници на форумот – Австралија, исто така го следеше примерот на САД и се повлече од Парискиот договор. Сопоага не сакаше да ја именува конкретната земја, и само рече дека таа почнува со буквата А. Друга земја учесничка на средбата во Науру, чие име започнува со А, нема.

Портпаролот на австралискиот министер за надворешни работи се уште не ја коментираше изјавата.

  Категории: