Осомничените за убиството на навивачот Саздовски на прв распит во обвинителството

Осомничените за убиството на навивачот Саздовски на прв распит во обвинителството
11.07.18   15:32

Прочитано : 633

Print This Article
Nikola Sazdovski

Во скопското Обвинителство денеска на прв распит беа доведени осомничените за убиството на навивачот Никола Саздовски во Автокоманда, Б.Б. (20) и С.Д. (21).

Тие треба да се запознаат со доказите, додека обдукцијата се уште не е завршена, а според ставот 6 од обвинението, нормирана е и тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното насилство.

Асмир Алилспахиќ, адвокатот на второосомничениот, рече дека тој првпат се гледа денеска со осомничените како нивни бранител. На новинарско прашање дали ќе се преквалифукува првичното кривично дело насилство со тешки телесни повреди, адвокатот рече дека е уште рано да се каже било што.

Тој вели дека е убеден оти Обвинителството најпрофесионално ќе ја истера оваа истрага, и апелираше овој случај со трагична загуба на семсјството на починатото момче да не се злоупотребува во политички или какви било други цели и скриени намери на поедницни и групи.

Двајцата осомничени се во притвор во затворот во Шутка.

Никола Саздовски (21) од општина Кисела Вода беше претепан до смрт на 29 јуни околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар Александар Македонски во Автокоманда. По неколку дена поминати во кома на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје, Саздовски почина на 9 јули.

loading...
loading...
view more articles

Останати вести