Орбан ќе ги затвора сите невладини организации поврзани со Сорос

Орбан ќе ги затвора сите невладини организации поврзани со Сорос
11.01.17   19:42

Прочитано : 890

Print This Article

Унгарија планира да ги затвори сите невладини организации поврзани со милијардерот Џорџ Сорос, објави „Блумберг“, повикувајќи се на заменикот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

orban

Овој чекор се поврзува со доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

„Блумберг“ пишува дека Унгарија ќе ги употреби сите „алатки што и се на располагање“ да ги „збрише“ сите невладини опрганизации основани од Сорос кој е Унгарец по раѓање, и како што се наведува “им служи на глобалните капиталисти и поддржува политичка коректност контра националните влади“, изјави вчера за новинарите Силард Немет, потпретседател на владејачката партија.

Засега нема коментар од страна на канцеларијата на Отворено општество во Будимпешта.

– Мислам дека ова е можност за тоа, во меѓународни рамки, поради изборот на Трамп, ја пренесува изјавата на Немет, државната агенција МИТ.

Според агендата, парламентарците ќе започнат дебата за законот со кој ќе им се даде зелено светло на властите да започнат со ревизијата.

Орбан, кој е првиот европски лидер кој јавно ја поддржа кампањата на Трамп, ги игнорира критиките од Европската комисија и администрацијата на американскиот претседател Барак Обама дека гради „неслободна држава“ по примерот на авторитарни режими како Русија, Кина и Турција.

Во 2014 Орбан лично нареди државната ревизорска агенција да ги истражува фондациите финансирани од Норвешка и рече дека граѓанските групи финансирани од надвор се покритие за „платените политички активисти“.

Орбан и неговата Влада тука често ги посочуваат невладините организации поддржани од Сорос, кој е поддржувач на Демократската партија во САД со широка мрежа организции кои промовираат демократија во поранешните комунистрички источноевропски земји.

Трамп исто така го обвини Сорос дека е дел од „глобалната структура на мож која е опдговорна за економските одлуки кои ја осиромашија работничката класа, го одзеде богатството на нашата земја и тие пари ги стави во џебовите на една рака големи корпорации и политички субјекти“.

Во едно од рекламните видеа пред изборите, тој покажа фотографии заедно со претседавачот н Федералните резерви Џенет јелен, и извршниот директор на Голдман Сакс Лојкд Бланкфеин, сите Евреи. Организациите за заштита на човековите права гокритикуваа видое спотот дека е „тактика која антисемитистите со години ја користеле“.

извор: Нова

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: