Општина Струмица не го оправдува користењето животни во карневалски цели

Општина Струмица не го оправдува користењето животни во карневалски цели

По реакцијата на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ во која меѓу другите се повикани и градоначалникот и oпштина Струмица во врска со наводната злоупотреба на жив штрк во маска на големиот Струмички карневал, од општината се оградуваат од каква било вмешаност и вина во конкретниот случај.

– Градоначалникот Коста Јаневски и Советот на општина Струмица беа само генерални покровители на Струмичкиот карневал и не го оправдуваат користењето животни во карневалски цели, стои меѓу другото во реакцијата.

Од општина Струмица истакнуваат дека искрено се надеваат оти овој изолиран случај не ја намалил вредноста на карневалот, кој и во квалитет и во квантитет е еден од најуспешните во своето долгогодишно постоење.