Обиколка на Балканот за Американци, од Белград до Скопје за 7.700 долари

Обиколка на Балканот за Американци, од Белград до Скопје за 7.700 долари
11.07.18   19:58

Прочитано : 445

Print This Article

„Искусете седум етнички, политички и религиозно различни балкански земји на шеснаесетдневно патување кое почнува во Белград, главниот град на Србија, а завршува во Скопје, главниот град на Македонија“, се наведува во аранжманот.

Дека Балканое е се повеќе во фокусот на прекуокеанските земји сведочи и аранжманот кој се рекламира на портелот на „Лос Анџелес Тајмс“ и муди обиколка на неоткриените убавини на Европа.

Патувањето кое почнува во Белград, продолжува во „отомански“ Мостар во БиХ, Дубровник во Хрватска, стариот пристанишен град Котор во Црна Гора, античките урнатини во Драч, Албанија, а авантурата завршува во Скопје, родниот град на Мајка Тереза.

Големината на групата е офраничена на 16 луѓе, а обиколката на Балканот ќе трае од 13 до 28 септември.

Цената на патувањето по човек е 7.695 долари и во неа е вклучено сместување, повеќето оброци, водичи и автобуски превоз меѓу градовите, но не и авионските карти.

loading...
loading...
  Категории: