Обдукцијата на загинатите во авионската несреќа заврши, ќе им се утврдува идентитетот

Обдукцијата на загинатите во авионската несреќа заврши, ќе им се утврдува идентитетот
9.09.16   18:40

Прочитано : 142

Print This Article

Обдукцијата на телата на загинатите патници во авионската несреќа што се случи во близина на селото Кожле заврши, јави „Телма“.

avion

Обдукцијата покажала дека смртта настапила брзо, а жртвите имале тешки механички повреди предизвикани од падот на авионот.

Роднини на загинатите патници треба да пристигнат во Скопје, и со помош на ДНК анализа ќе се утврдува идентитетот на загинатите.

Во истрагата за падот на авионот освен Јавно обвинителство Скопје се вклучи и италијанското обвинителство од Тревизо.

Шест лица, од кои пет мажи и една жена загинаа во падот на авионот „пајпер“ што на 6 септември се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле.

  Категории: