Новаковски: Очекувам консензус со излезеност од над 50 проценти

Новаковски: Очекувам консензус со излезеност од над 50 проценти
10.08.18   18:04

Прочитано : 630

Print This Article
loading...

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, рече дека очекува на престојниот референдум да се постигне консензус со излезеност од над 50 проценти.

Според него, нема време да се прочистува избирачкиот список, иако со измените на законот, требало да се врши редовно и регуларно прочисутвање од страна на ДИК.

Новаковски додаде дека по завршувањето на мандатот на оваа изборна комисија, треба да се работи на нова, професионална комисија, која повеќе време ќе одвои на отворените прашања, за кои забелешки имало и од страна на ОБСЕ и ОДИХР.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно