Нова ера во Македонија

Нова ера во Македонија
13.06.18   12:46

Прочитано : 1,061

Print This Article
loading...

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

Македонија ја обезбеди својата европска иднина, Грција го заштити своето минато. Ова е главната рамка во која е сместена сликата на идните односи меѓу Грција и Македонија. Премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев демонстрираа државничка храброст и подготвеност на саможртва да го разрешат повеќедеценискиот спор кој ја блокираше Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ, а Грција да биде лидер во регионот, клучен играч во евроатлантските интеграции на земјите од Западен Балкан. Премиерите Ципрас и Заев влегуваат во современата историја на двете земји и на Европа, како одговорни политичари кои покажаа дека можат со политичка волја, подготвеност на компромис да ги решат и најсложените повеќедецениски нерешливи спорови. Министрите за надворешни работи, Никос Коѕиас и Никола Димитров, со своите тимови макотрпно одработија голема работа за идните генерации. Ќе биде голема несреќа ако оваа значајна работа не заврши како што доликува на историскиот чин.

Се разбира, ништо не е готово додека не се заврши, но според веќе искажаните изјави тоа што е до преговарачите и до премиерите, најголемиот дел од работата е завршен. Но, не и најтешкиот. Следува соочување со разбирливите отпори, но и со злонамерните и тенденциозни обиди за минирање на договорот што треба да се донесе во парламентите на двете земји и да се одобри на референдум од граѓаните на Македонија. Значи, нема простор за еуфорија и за празнување, за зурли и за тапани.

Промената на името на државата не ги прави среќни граѓаните на Македонија, што е сосема разбирливо и нормално. Мора да се има предвид фактот дека голем број граѓани го прифаќаат овој чин со жалење, тага и револт, но и со олеснување само поради европската иднина и поради ветеното брзо членство во НАТО и догледното, за неколку години, членство на Македонија во Европската Унија..

Целата колумна на „Независен“ на следниот линк.

loading...
  Категории: