Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер ги вознемири скопјани

Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер ги вознемири скопјани
11.09.16   15:23

Прочитано : 3,929

Print This Article

Нов земјотрес ги вознемири скопјани во 15. 10 часот. Граѓани  излегоа од зградите во цо центарот на Скопје, а вознемиреност има и кај граѓаните кои живеат во куќите.

zemjotres

Според Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот што се почувствува  во 15.10 часот,  бил со магнитуда од 5 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван и во Србија и Косово.

Новите потреси следат откако утринава во истото епицентрално подрачје беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести