Нетанјаху: Израел не сака ирански сили ни на 100 километри од Голан

Нетанјаху: Израел не сака ирански сили ни на 100 километри од Голан
23.07.18   20:40

Прочитано : 110

Print This Article

Нетанјаху: Израел не сака ирански сили ни на 100 километри од Голан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го отфрли рускиот предлог иранските сили во Сирија да бидат распоредени најмалку на 100 киломатри од израелско-сириската граница на Голанската Висорамнина.

Како што соопшти претставник на израелската Влада, кој побарал анонимност, ваквиот предлог бил изнесен на денешната средба на Нетанјаху во Ерусалим со руска делегација предводена од министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Според истииот извор, Нетанјаху му порачал на Лавров дека „нема да дозволи Иранците да се распоредат дури ни на 100 километри од границата“.

Пред средбата, Нетанјаху изјави дека на неа ќе биде разгледана состојбата на Блискиот Исток, вкучително и во Сирија.

Тој нагласи дека ќе инсистира на почитување на договорот за раздвојување на силите меѓу Израел и Сирија од 1974 година, како и дека ќе продолжи да се спротивставува на обидите на Иран да го зацврсти своето воено присуство на сириска територија.

  Категории: