Неофицијално: Едно тело најдено изгорено, патниците во паднатиот авион се италијански државјани

Неофицијално: Едно тело најдено изгорено, патниците во паднатиот авион се италијански државјани
6.09.16   21:36

Прочитано : 1,243

Print This Article

Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром. Подоцна се слушна експлозија кај село Кожле а граѓани јавија дека авионот е во пламен.

policija_16[1]

Како што неофицијално дознава Курир, едно тело е најдено изгорено и се претпоставува дека истото е на патник од авионот.

Неофицијално поратлот дознава и дека патниците се италијански државјани, а последната дестинација на авионот требало да биде Приштина.

СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓанин дека слушнал експлозија во близина на с.Кожле.

Како што дознава Курир, се работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје само да танкира гориво.

Фото – Телма

  Категории: