Не може повеќe: Радмила Манојловиќ оди на лекување во Швајцарија (ФОТО)

Не може повеќe: Радмила Манојловиќ оди на лекување во Швајцарија (ФОТО)
9.08.18   19:06

Прочитано : 1,343

Print This Article
loading...
vest-85162485

Пејачката Радмила Манојловиќ веќе со години се бори со болките во грбот поради пршлените кои ѝ прават притисок врз нервот.

Таа не само што трпи јаки болки, туку и во последно време има проблеми додека се движи, додека од друга страна, операцијата ја одложува за понатаму.

Овие денови Манојловиќ ќе отпатува за Швајцарија на лекување, каде цел тим на стручни лица ќе одлучат дали ќе биде и кога би се случила операцијата.

Имено, Радмила направи се за да не оди „под нож“, но поради работата не мирува доволно и со тоа не ѝ се поправи здравјето. По консултација со докторите од Србија, како и со киропрактичарот кај кого оди редовно, Манојловиќ има закажано итен преглед во една приватна клиника во Швајцарија.

„Радмила веќе некое време оди на физикална терапија, тие ѝ помагаат, но моментално тоа не е долгорочно решение. Во последно време се случува веднаш по настапот и патувањата назад во Белград, да мора да оди по масажи, за да и се намалат болките.“ – вели извор близок до пејачката.

loading...
  Категории: