НАТО посветен на договорот за издвојување за одбраната

НАТО посветен на договорот за издвојување за одбраната
11.07.18   21:22

Прочитано : 42

Print This Article
loading...

Лидерите на НАТО ја потенцираа „непоколебливата посветеност“ на договорените цели за издвојување за одбраната и изразија загриженост поради, како што наведуваат, заканите што ги претставува Русија, Иран и Северна Кореја.

– Посветени сме на подобар баланс, кога станува збор за поделба на трошоците и одговорностите на членството во Алијансата, се посочува во соопштението од Самитот на НАТО во Брисел.

Сојузниците во НАТО изразија загриженост поради неодамнешните активности на Русија, истакнувајќи дека со тоа се намалува стабилноста и безбедноста, како и дека земјите членки се солидарни со проценката на Велика Британија дека Москва е виновна за нападот со нервен гас во Солсбери.

Земјите членки на НАТО денеска се согласија и да упатат покана Македонија да почне преговори за членство во Алијансата.

  Категории: