Нант на Лазаров трета година по ред го освои „Шпаркасен Купот“

Нант на Лазаров трета година по ред го освои „Шпаркасен Купот“
12.08.18   22:38

Прочитано : 22

Print This Article
loading...

Нант на Лазаров трета година по ред го освои „Шпаркасен Купот“

 – Екипата на Нант за која настапува капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров го освои првиот трофеј во новата сезона, откако трета година по ред триумфира на „Шпаркасен Купот” во Штутгарт.

По вчерапните победи над данскиот Есбјерг и бундеслигашот Штутгарт, денес Нант извојуваа тесна победа над Гепинген со 27-26 (16-13) и потврди дека уште во август делува спремно за новата сезона.

Целиот тим на Тјери Анти функционираше беспрекорно, водеше од првата минута и потврди дека влегува во вистинска форма.

Одлично во новата средина се вклопи повратникот Валеро Ривера, кој ова лето од Барселона пак се врати во Нант.

loading...
  Категории: