Највозбудливо ќе биде во 4-ка - Заев, Груевски, Георгиевски и Богоевски

Највозбудливо ќе биде во 4-ка - Заев, Груевски, Георгиевски и Богоевски

Откако и ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе своите кандидатски листи за изборите на 11 декември, се чини дека најинтересно и највозбудливо во текот на кампањата ќе биде во 4-та изборна единица.

4ka

Таму најпрво како носител беше кандидиран лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој всушност и доаѓа од оваа изборна единица, од Струмица. По него како носители во оваа изборна единица беа промовирани Љубчо Георгиевски од ВМРО-НП како дел од коалицијата со ОМ наречена „ВМРО за Македонија“ и Слободан Богоевски од Коалицијата за промени и правда.

Вечерва и Груевски реши да влезе во трката во оваа изборна единица, поради кандидатурата на Заев.

Останува да видиме како ќе тече кампањата, и дали конечно Груевски ќе се осмели да излезе на дуел со Заев.