МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства и ја турнаа оградата. Реагиравме за да спречиме ескалација

МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства и ја турнаа оградата. Реагиравме за да спречиме ескалација
18.06.18   00:28

Прочитано : 955

Print This Article
loading...

Министерството за внатрешни работи, доцна вечерва, испрати соопштение во кое ги наведува причините за реакцијата на полицајците, кои за растерување на толпата демонстранти пред Собранието употребија солзавец. Полицијата постапила на таков начин за да спречи упад во законодавниот дом, при протестите против Договорот за името, кога демонстрантите ја урнаа заштитната ограда пред Собранието.

„Дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата употреби солзавец.Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење“ – велат од МВР.

Оттаму потврдија дека при судирот биле повредени седум полициски службеници, а приведени се 25 лица. Со приведените демонстранти од претходниот протест, оваа бројка се искачува на 35 приведени лица по насилните протести организирани од навивачката група „Комити“.

  Категории: