Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протестен марш во Битола против договорот со Грција

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протестен марш во Битола против договорот со Грција
14.06.18   21:14

Прочитано : 401

Print This Article
loading...

Договорот со Грција е штетен, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седницата на ИК и координацијата со пратеничката група.

– Имено, не постои досега меѓународен договор кој што се ратификувал од едната страна, а не се ратификувал истовремено од другата страна. Самото тоа го носи вториот заклучок кој е дека ние ќе преземеме  обврски под услов да ги реализираме, а каква обврска презема Грција и која е мерката што доколку Грција не ја реализира сопствената обврска. Третата која што денеска пред јавноста во  Република Македонија, дилема ќе ја отворам е како тоа владата превзема обврска да изгласа договор во Собранието на Република Македонија со просто мнозинство, а се обврзува да направи системски измени т.е. измени во Уставот кои што се со двотретинско мнозинство? – рече Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на протестен марш во недела во Битола.

-Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани во Република Македонија кои што имаат идентичен став како ВМРО-ДПМНЕ кои што сакаат да застанат на патот на овие погрешни политики кои што владата на СДСМ ги прави во Република Македонија, кои што сакаат да застанат на патот на ова капитулантско дело да се спроведе во пракса, а истовремено да ги осудат сите погрешни политики на СДСМ да ни се придружат на протесниот марш кој што ќе го одржиме во Битола во недела со почеток во 13 часот, изјави Мицкоски.

loading...
  Категории: