Мицкоски: Најблиската средба со Мицотакис ми била на 50 метри

Мицкоски: Најблиската средба со Мицотакис ми била на 50 метри
13.06.18   13:43

Прочитано : 449

Print This Article
loading...

Поисточно од Софија не сум патувал во животот, а многу западни држави сум посетил, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали има руско влијание во партијата бидејќи партискиот став за договорот за името е спротивен на официјалните ставови доаѓаат од ЕУ и НАТО.

Мицкоски не сакаше да го коментира ова.

-Меѓународната заедница охрабруваше да се постигне договор, и не навлегува во неговата содржина. Логична е таквата рекција, но ние како граѓани ќе живееме со последиците на ова капитулантско дело. Ниту имаме право ниту смееме да останеме глуви на оваа капитулација – додаде тој.

На прашање дали имал средби со лидерот на грчката опозицијата, Константин Мицотакис, Мицкоски одговори:

„Сум имал исклучителна соработка со сите медиуми, без разлика на нивните ставови кои можеби некогаш не се во согласност со вистината, така да не ги коментирам тие ставови и ќе ја задржам таа пракса. Со Мицотакис не сум имал средба ниту било каква комуникација, освен на 50 м растојание на Самитот на европските народни партии во Софија – рече Мицкоски.

  Категории: