Министерство за здравство: Нема да дозволиме недостиг од инсулин

Министерство за здравство: Нема да дозволиме недостиг од инсулин
10.08.18   16:57

Прочитано : 34

Print This Article
loading...

Министерство за здравство: Нема да дозволиме недостиг од инсулин

Јавната набавка на инсулин ќе биде распишана на почеток на следната недела и завршени се сите претходни подготвителни работи, информираат од Министерството за здравство.

Посочуваат дека инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018, веќе е потрошен во јули или го има во многу мали залихи во неколку инсулински аптеки.

– Пациентите се снабдени со инсулин во рок. Пациените се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од 26 до 30 дена. Од 15 август веќе се обезбедени и ќе се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци, потенцираат од Министерството и додаваат дека ги следат потребите на населението и нема да дозволат недостиг од инсулин.

loading...
  Категории: