Министерство за култура: Ќе се гради друг споменик, а не тој на Субрата Рој

Министерство за култура: Ќе се гради друг споменик, а не тој на Субрата Рој
6.09.16   16:36

Прочитано : 401

Print This Article

Министерството за култура во реакција до порталот „Плусинфо“ ги демантира наводите за споменикот на Мајка Тереза кој се гради во центарот на Скопје.

spomenikmajkatereza3 Libertas

„Не е точно дека се гради истиот споменик кој беше предвидено да го донира индискиот бизнисмен Субрата Рој, туку идејното решение за скулптуралната композиција Министерството за култура го избра по пат на конкурс. Што се однесува до висината пак, објектот ќе биде со висина од 17 метри, а ширина 8 метри. Објектот ќе содржи скулптура на Мајка Тереза и пропратни содржини кои го отсликуваат нејзиниот лик и дело“, се вели во реакцијата на Министерството за култура.

  Категории: