МФ: СДСМ ја продолжува црната кампања на јавниот долг

МФ: СДСМ ја продолжува црната кампања на јавниот долг
3.02.17   12:47

Прочитано : 233

Print This Article

Министерството за финансии во реакција на СДСМ наведува дека партијата ја продолжува црната кампања на јавниот долг.

ministerstvo-za-finansii-267x200

За точно информирање за намената и состојбата на државниот и јавниот долг, Министерството за финансии ги упатува јавноста и граѓаните на веб-страницата на Министерството за финансии каде на месечна основа се објавуваат сите расходи и приходи во буџетот, а на квартална состојбата на јавниот и државниот долг, според методологијата на ММФ.

– Буџетот за 2016 година, како и години наназад, е проектиран со буџетски дефицит – како и кај сите земји во развој со цел да се придвижи економијата. Планираните расходи за минатата година се дадени во Буџетот за 2016 година, а реализираните во фискалната табела која ја објавува Министерството за финансии – истата која пред неколку дена ја коментираа од СДСМ, а сега прашуваат на што се трошеле парите. Во фискалната табела, секој граѓанин може да види колку средства оделе за плати и надоместоци, за здравствена и социјална заштита, за капитални инвестиции, стои во реакцијата на Министерството за финансии.

Додаваат дека освен дефицитот Министерството за финансии по основ на стари доспеани кредити во 2016 година има исплатено над 200 милиони евра.

– Доколку навистина состојбата со долгот е критична, зошто тогаш ММФ вели дека добро менаџираме со јавниот долг? Ако „грчкото сценарио“ на СДСМ е точно, како Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа?, се наведува во реакцијата.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории:
view more articles

Останати вести