Масовно бегство од затвор во Бразил, убиени 21 лице

Масовно бегство од затвор во Бразил, убиени 21 лице

Во обид за масовно бегство од затвор на северниот дел на Бразил загинаа најмалку 21 лице во престрелка со полицијата.

Секретаријатот за јавна безбедност на бразилската држава Пара соопшти дека обидот за бегство го поддржала добро вооружана група од надвор, а според првичните информации, затворениците исто така имале оружје во затворот.

Групата соучесници се обиделе со експлозија да срушат еден од ѕидовите во затворскиот комплекс „Санта Изабел“, се наведува во соопштението. Потоа следела размена на оган помеѓу полицијата и затворениците и нивните соучесници.

Меѓу мртвите е и еден чувар. Пет чувари се повредени, од кои еден потешко. Властите во текот на ноќта ги преброиле затворениците за да утврдат дали некој успеал да побегне. Бразил има над 726.000 затвореници, што е меѓу најголемите затворски популации на светот. Во голем број затвори условите се очајни.