Мас: Германија не е заробеник на Русија

Мас: Германија не е заробеник на Русија
11.07.18   20:40

Прочитано : 135

Print This Article
loading...

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска реагираше на критиката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Берлин е „заробеник“ на Русија, нагласувајќи оти Германците не се заробеници ниту на Москва ниту на Вашингтон.

– Ние не сме заробеници ниту на Русија ниту на САД. Ние сме еден од гарантите на слободниот свет и тоа така ќе остане, истакна Мас на маргините на Самитот на НАТО во Брисел.

Тој додаде и дека Берлин  планира да ги зголеми расходите за одбраната за 80 проценти до 2024 година, истакнувајќи оти „тоа треба да биде признаено“.

Претходно и германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен реагираше на обвинението од страна на Трамп дека Германија е „целосно контролирана” од Москва.

– Имаме многу прашања со Русија без никакво сомневање. Од друга страна, треба да ја задржите линијата за комуникација меѓу држави или сојузници и противници без какви било прашања, изјави таа на прашање за обвинувањата на Трамп.

И францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не се согласува со оценката на Трамп дека Германија е „под целосна контрола“ на Русија поради еден гасовод./МИА

  Категории: