Максим Димитриевски – кандидат за градоначалник на Куманово од СДСМ

Максим Димитриевски – кандидат за градоначалник на Куманово од СДСМ
12.09.17   12:26

Прочитано : 278

Print This Article

СДСМ го одреди својот кандидат за градоначалник на Куманово. Се работи за пратеникот Максим Димитриевски.

Тој е долгогодишен член на раководството на СДСМ во Куманово, а неколку години беше и претседател на Советот на општината Куманово.

Тој се обрати на Фејсбук по повод номинацијата.

 

„Почитувани,

Благодарам на укажаната чест од страна на колегите од СДСМ, Претседателот Зоран Заев и граѓаните за номинацијата за кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Куманово.

– Ќе ја оправдам укажаната доверба, да победи единството и заедништвото, преточено во визија за достоинствено Куманово и просперитетна Република Македонија.

Одиме во ПОБЕДА за сите граѓани“, напиша Димитриевски.

Негов противкандидат за градоначалничката фотелја во Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде неговиот колега од Собранието, пратеникот Зоран Ѓорѓиевски.

  Категории: