Македонија У19 го освои второто место на Купот на федерации во Летонија

Македонија У19 го освои второто место на Купот на федерации во Летонија
11.09.18   09:06

Прочитано : 50

Print This Article

Македонија У19 го освои второто место на Купот на федерации во Летонија

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години го освои второто место на меѓународниот турнир Куп на федерации во Летонија каде освен нашиот национален тим учествуваше домашната селекција, како и Украина и Фарските Острови.

Македонските фудбалери денеска остварија победа од 1:0 над Фарските Острови. Единствениот гол го постигна Енсар Лума во 90-тата минута од натпреварот.

За Македонија ова беше втора победа на турнирот во Летонија, откако претходно ја совлада домашната селекција со 2:1, а двата гола ги постигна Бојан Колевски.

Македонската репрезентација единствениот пораз го претрпе од Украина со резултат 2:0. Токму украинската репрезентација го освоија турнирот со максимални девет бодови, а Македонија остана втора со шест бодови.

  Категории:
view more articles

Актуелно