Македонија се труе во сопственото ѓубре, свињи од депонијата „Мегленци“ завршуваат на нечија трпеза!?

Македонија се труе во сопственото ѓубре, свињи од депонијата „Мегленци“ завршуваат на нечија трпеза!?
12.08.18   19:58

Прочитано : 903

Print This Article
loading...

При посетата на депонијата на самиот влез не пречека знак за строго забранет влез, па по добиена дозвола екипата на ТВ 21 влезе во еколошката бомба. Не пречекаа двајца вработени, глутница од кучиња, десетина свињи, штркови и чад од опожарената депонија.

Сместена среде плодната Пелагонија претставува огромен проблем за жителите на општина Новаци, а најповеќе мака имаат вработените во рудникот за јаглен „Суводол“ кој се наоѓа на само 500 метри оддалеченост.

Никој не сакаше да зборува пред камера, но ни открија дека најмалку два пати годишно се пуштаат педесетина свињи за гоење, па на есен се продаваат на добиточните пазари. Никој од надлежните инспекторати ниту еднаш досега не презел ништо за да го оневозможи одгледувањето животни наменети за човечка исхрана на една ваква депонија.

Од ЈКП „Комуналец“ Битола велат дека со помош на еколошко средство е средена горната депонија, а во моментов се работи на долната. Велат дека депонијата повеќе не се самозапалува и дека причина за пожарот е човечки фактор.

Вработениот на депонијата ни објасни дека со булдужер го рамнат ѓубрето, а потоа се посипува со земја. Но не смеат во никој случај целосно да ја затворат, бидејќи 55% e јаглероден диоксид, а 45% метан што би значело голема експлозија доколку целосно се затвори.

Дневно се депонираат по 80 тони комунален отпад, а на годишно ниво 25.000 тони. Отпадот се одлага вертикално, во висина од 12 метри, на еден метар далечина се развива температура од 40 до 50 степени целзиусови.

Изградбата на современа депонија според европски модел би чинела до 15 милиони евра. Но, и по две децении, јалови останаа плановите на деветте пелагониски општини за изградба на единствена регионална депонија. Таа депонија нема да служи само за депонирање на сметот, туку од цврстиот отпад со посебна технологија ќе се произведува гас, електрична или топлинска енергија.

Извор: тв21

loading...
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести