„Македонија против насилство врз животните!“ – Протестен собир недела (12:30 Плоштад Македонија)

„Македонија против насилство врз животните!“ – Протестен собир недела (12:30 Плоштад Македонија)
7.04.17   21:28

Прочитано : 322

Print This Article

Соопштение на Анима мунди:

983483403093

Јавен собир под мотото „ Македонија против насилство врз животните!” ќе се оддржи во недела, Плоштад Македонија со почеток во 12:30 минути со кој им се обраќаме на институциите и јавноста .

Во име и заедно со бројни македонски граѓани,   хумани луѓе и љубители на животни БАРАМЕ:

– Масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните – на улица, или во стационари како скопско Вардариште;
– Забрана на слободната продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот на сите
– Полиција за животни под итно животни зошто е повеќе од очигледен фактот дека насилството врз животните е декаден срам и обележје на Република Македонија;
– За насилниците казна затвор!

Се надеваме дека ќе ја имаме Вашата поддршка и дека ќе дојдете на протестот и помогнете да бидат видени и пренесени нашите пораки, за што однапред ви се заблагодаруваме.

***

Хорор и терор се спроведува врз животните во Македонија, масовен масакр на бездомните животни за кој веќе на големо сме препознатливи и во Европа и светот! (исклучително вознемирувачки видеа: https://www.facebook.com/animireino/videos/1289386351151492/ https://www.facebook.com/kliment.arnaudov.3/posts/10208282964981928

По трите несреќни случаи на угризи од кучиња, кои без исклучок и со потврда и од Агенција за храна и ветеринарство беа предизвикани од кучиња со сопственик, а ниту едно бездомно куче; во кои како пресуден по одговорност (согласно закон) е човечки фактор, ова е сликата на улиците на Македонија! Кучиња кои се застрелуваат, кучиња се бесат; отрови кои за 10 минути би убиле и човек се расфрлани по градови и села, на шеталишта, покрај училишта и градинки; наменети за маалски кучиња и мачки кои се тетеравеле, плукале крв, се угушиле во сопствените повраќаници пред очи на растревожени минувачи и неретко деца. Труењата се случуваат истовремено, синхронизирано и веруваме дека удел имаат и општините.

Порачуваме итно да запрат и итно да преземат мерки за истрага и приведување на сторителите, кои вршат повеќе прекршоци и сериозно кривично дело, казниво со казна затвор!  Потенцираме прашање е на време кога од отровите ќе настрада човек или дете зошто за жал во Македонија отрови слободно се купуваат и масовно злоупотребуваат, а за тоа никој не одговара!

Сетто што се случува е резултат на институционалната некомпетентност, инертност и молк!

Доста ни е од логори за животните како стационарот Вардариште во  Скопје, нема да го премолчуваме ова што секојдневно се случува во Македонија!

Граѓаните не плаќаат даноци за да се убиваат животни, туку хумано, ефикасно да се надмине проблемот со бездомните животни , без нечиј живот да биде ставен на ризик. Институциите кои толерираат насилство, истото го охрабруваат, соучествуваат и во нив го вперуваме прстот!

Се дури насилството се толерира никој не е безбеден во Република Македонија

Порачуваме и ги повикуваме институциите – Министерство за внатрешни работи, Министерство  за земјоделие, шумарство , водостопанство ; Агенција за храна и ветеринарство, Единиците на Локална Самоуоправа итно да постапат во рамки на сопствените надлежности, изнајдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомни животни!

БАРАМЕ:
– Масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните , на улица, или во стационари како скопско Вардариште;
– Забрана на слободната продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот на сите

– Полиција за животни под итно животни зошто е повеќе од очигледен фактот дека насилството врз животните е декаден срам и обележје на Република Македонија;
– За насилниците казна затвор!

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести