Македонија или Груевистан?

Македонија или Груевистан?
20.03.17   10:31

Прочитано : 1,793

Print This Article

На 11 декември биравме меѓу заробената држава и правдата, меѓу партискиот стисок и законот, меѓу сопствените уши и зборот на партијата. Денес, не може да биде поочигледно дека дијагнозата била точна, колку и да се обидуваат да не’ свртат кон платформата.

nikola dimitrov

Да беше платформата вистинскиот проблем, ќе беше проблем и тогаш кога Иванов му го довери мандатот на Груевски.

Да беше платформата вистинскиот проблем, ќе беше проблем и тогаш кога Груевски преговараше со ДУИ за влада.

Да беше платформата вистинскиот проблем, ќе ги напаѓаа творците на платформата, а не Заев, додека седат со ДУИ во нелегитимната влада.

Да беше платформата вистинскиот проблем, требаше најитно да се воспостават институциите, за да се дебатира и канализира низ нив, транспарентно и со експертиза, домашна и меѓународна, а не да се укине државата и да се остави ширум отворено поле за пожари.

Да беше платформата вистинскиот проблем, требаше да се извинат кога ја слушнаа програмата на идната влада.

Повикувајќи на “одбрана”, Груевистан тргна директно во напад – против Македонија! Да удира со секира таму каде е најранливо – меѓуетничките односи. Со газење врз Уставот, со укинување на политичкиот систем, со злоупотреба на деликатните меѓуетнички односи, со рушење на сите илузии дека Македонија е демократија во очите на целиот демократски свет, не се брани државата. Така се руши Македонија.

Прашањето за нас е, дали ни’ е помила Македонија или Груевистан!

Никола Димитров – Фејсбук статус

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: