Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март

Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март
20.03.17   13:42

Прочитано : 50

Print This Article

Британската Влада на 29 март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што практично ќе почне процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, соопшти денеска Даунинг стрит 10.

– Постојаниот британски претставник  во Брисел утрово ја информира ЕУ дека на 29 март Велика Британија ќе го активира членот 50, изјави претставник на Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј.

Стартувањето на процесот за Брезит беше можно откако на 16 март кралицата Елизабета Втора формално го одобри Законот за процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, што преходно беше усвоен од двата дом на британскиот Парламент.

Претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Берков, по одобрувањето на Законот од страна на кралицата, потврди дека Меј може да ги почне преговорите за Брегзит во „кое било време“.

Во исто време, портпаролот на Даунинг Стрит 10 денеска соопшти и дека засега Владата не планира распишување предвремени парламентарни избори.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: