„Лидл“ отвори логистички центар во Србија

„Лидл“ отвори логистички центар во Србија
13.06.18   12:18

Прочитано : 151

Print This Article
loading...

Во Нова Пазова е отворен логистички центар на компанијта „Лидл“. Претставници на германскиот трговски ланец најавија дека до крајот на годинава ќе отворат дваесетина продавници во Србија, за што е објавен конкурс за вработување околу илјада продавачи.

Во центарот во Нова Пазова, со површина од 45.000 метри квадратни, работат 180 луѓе.

Логистичкиот центар е отворен во присуство на претседателот Александар Вучиќ, министерот за трговија Расим Љајиќ, претседателот на покраинската влада Игор Мировиќ и германскиот амбасадор Аксел Дитман.

Генералниот директор на компанијата „Лидл Србија“, Томислав Шапина рече дека целта на „Лидл“ е во Србија, како и во другите земји, да се понуди свежа и квалитетна стока по најповолни цени.

– Нудиме и добри работни услови и соодветен надомест во пријатна атмосфера, рече Шапина.

Вучиќ посочи дека „Лидл“ во логистичкиот центар во Нова Пазова инвестира 55 милиони евра.

  Категории: