Лидерот на Муслиманско братство осуден на доживотен затвор

Лидерот на Муслиманско братство осуден на доживотен затвор
12.08.18   19:59

Прочитано : 719

Print This Article
loading...

Лидерот на Муслиманско братство осуден на доживотен затвор

Лидерот на египетското Муслиманско братство, Мохамед Бадие, и уште неколкумина претставници на таа забранета група се осудени денеска на доживотен затвор, соопштија судските власти.

Тие се осудени поради поттикнување убиство и насилство за време на протестите пред пет години.

Денешната пресуда е најнова во серијата судски процеси против лидерите на Муслиманско братство, од кои некои се повторени.

Оваа партија беше на власт во Египет пред војската да го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси за време на масовните протести.

Бадие и другите претставници беа осудени на доживотен затвор во 2014 година, но Апелацискиот суд ја поништи таа пресуда и наложи ново судење.

loading...
  Категории: