Лидерите на САД и Канада побараа од Израел да ги евакуира “Белите шлемови” од Сирија, вели Нетанјаху

Лидерите на САД и Канада побараа од Израел да ги евакуира “Белите шлемови” од Сирија, вели Нетанјаху
22.07.18   18:29

Прочитано : 155

Print This Article

Лидерите на САД и Канада побараа од Израел да ги евакуира "Белите шлемови" од Сирија, вели Нетанјаху

Претседателот на САД Доналд Трамп и канадскиот премиер Џастин Трудо побараа од Израел да евакуира стотици членови на сириската невладина организација „Бели шлемови” и нивните семејства од Сирија, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Пред неколку дена претседателот Трамп стапи во контакт со мене, а исто и канадскиот премиер Џастин Трудо и други, и не замолија да помогнеме да се евакуираат од Сирија стотици членови на „Белите шлемови “, изјави Нетанјаху.

– Тоа се луѓе кои се спасиле животи, а сега се во опасност за својот живот. Затоа дозволив да бидат префрлени преку Израел кон други земји како важна хуманитарна мерка, додаде тој

  Категории: