Личните документи нема да се менуваат, се додека не им истече важноста

Личните документи нема да се менуваат, се додека не им истече важноста
13.06.18   19:31

Прочитано : 601

Print This Article
loading...

Личните документи нема да се менуваат, се додека не им истече важноста, доколку и Македонија и Грција ги ратификуваат договорите за менување на името на државата во Република Северна Македонија.

Така граѓаните би биле ослободени од дополнителни трошоци, а промената ќе се врши по истекот на важноста на пасошот, личната карта или возачката дозвола, рече на денешната прес-конференција Миле Бошњаковски, портпарол во Владата.

– Личните документи нема да бидат специјално менувани, туку тековно, кога ќе им истече рокот. Тоа се лични трошоци на секој граѓанин и останува така. Кога ќе истече важноста на документот, ќе биде заменет со нов, но со изменети податоци, изјави Бошњаковски.

loading...
  Категории: