ЛИ2017/ (ВИДЕО) Петровска: Целосна реконструкција и репрезентативен лик на влезовите во Битола

ЛИ2017/ (ВИДЕО) Петровска: Целосна реконструкција и репрезентативен лик на влезовите во Битола
11.10.17   17:41

Прочитано : 128

Print This Article
loading...

Целосна реконструкција и репрезентативен лик на влезовите во Битола, најави денеска кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата „Живот за сите“ Наташа Петровска.

– Сите влезови се во очајна состојба, а тоа не и доликува на конзулска Битола. Со помош на централната власт ветуваме дека ќе биде извршена целосна реконструкција и уредување на сите влезови од Битола, од страната на Прилеп и Охрид. Со соодветна динамика ќе реконструираме и: 22 улици во 2018 година, 28 улици во 2019 година, 34 улици во 2020 година и во 36 улици во 2021 година, истакна Петровска на прес-конференција.

Таа јавно го честита празникот 11 Октомври, напоменувајќи дека е значаен зашто овозможи македонска самобитност. – Оддаваме длабока почит за делото на нашите претци зашто го вложија најсветото, најскапото – своите животи. Се заветуваме дека во сегашноста ќе дадеме свој влог за иднината, посочи Петровска. 

loading...
  Категории: