Левица ќе бара од Уставен поништување на одлуката за референдумот

Левица ќе бара од Уставен поништување на одлуката за референдумот
7.08.18   18:46

Прочитано : 287

Print This Article
levica

Од Левица најавија дека ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за да побараат поништување на Одлуката за распишување на референдум што ја донесе Собранието.

-Нашиот правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита, бидејќи истата не е во согласност со Уставот на Р. Македонија, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија, се вели во соопштението на Левица.

Од партијата додаваат дека подетално за претставката ќе соопштат утре на прес конференција.

  Категории: