„Левица“ достави кандидатски листи до ДИК за 5 изборни единици, ова се носителите

„Левица“ достави кандидатски листи до ДИК за 5 изборни единици, ова се носителите

Партијата „Левица“ вечерва до Државната изборна комисија ги достави кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

levica(2)

„Левица„ настапува со кандидати за пратеници во пет изборни единици.

– Првпат една автентична левичарска партија која се гради од долу нагоре успеа да се кандидира самостојно на избори, изјави Здравко Савевски од „Левица“ по поднесувањето на листите.

Во првата изборна единица носител е Димитар Апасиев, во втората Трајче Стојанов, а во третата Марија Џонс. Четврата изборна единица ја предводи Митко Николов, а петата Здравко Савевски.

Претходно до ДИК листи поднесоа Коалицијата за промени и правда, ЛП, ПДП и ДПА.