Криминалци во знаме

Криминалци во знаме
19.03.17   12:38

Прочитано : 2,830

Print This Article

Не мириса на војна во Македонија туку смрди на она што им тече од ногавиците на оние кои се преплашени од помислата дека веќе нема да бидат власт во Македонија. Им тече од ногавиците од помислата дека може некој да им го прави она што тие им го правеа на сите изминатите 10 години.

Gorgi_spasov_02[1]

Им тече од ногавиците од свеста за губењето на привилегиите и повластениот статус . Им тече од ногавиците и врескаат затоа што ги имаат земено и потрошено хонорарите и провизиите а нови не се на повидок. Повеќето од нив се криминалци завиткани во македонското знаме кои врескаат од под него дека ” никој не смее да ја премине црвено жолтата линија”.

Од знамето тие направија крпа за покривање на својата срамота. И затоа должност на секој чесен граѓанин и на полицијата е да не им дозволи и знамето да го испоганат. Доста се кријат зад него. Тоа се криминалци кои ќе почнат знамето да го користат за да си ги забришат валканиците. Тие се на добар пат да го испоганат знамето зад кое се кријат. И тоа не треба да им се дозволи. Ако ним им се дозволи да спречат формирање влада ;тогаш ќе биде направен преседан по кој секој во иднина ќе има право да спречи формирање на било каква влада.

Ѓорги Спасов
фејсбук статус

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: