Книга вратена во библиотека по 84 години

Книга вратена во библиотека по 84 години
11.10.18   10:06

Прочитано : 199

Print This Article
loading...

Книга вратена во библиотека по 84 години

Маж од Луизијана избегнал огромна парична казна откако во библиотека вратил книга која била земена пред 84 години.

– Подобро е некогаш да се врати книгата, отколку никогаш, нели? Имавме случај еден маж да врати книга во нашата библиотека откако неговата мајка ја позајмила во далечната 1934 година кога имала 11 години, велат од библиотеката Меморијал во Луизијана.

Станува збор за книгата „Spoon River Anthology“ на авторот Едгар Ли Мастерс.

– Човекот ја чистел родителската куќа и ја пронашол книгата, која подоцна одлучил да ја врати. Тој им рекол дека истото би го направила и неговата мајка доколку била уште жива, истакна Џеки Моралес, заменик директор на библиотеката.

Книгата требала да биде вратена уште на 14 април 1934 година.

loading...
  Категории: