Клоп: Одамна немаме ништо освоено, можеме да бидеме само предизвикувачи

Клоп: Одамна немаме ништо освоено, можеме да бидеме само предизвикувачи
12.08.18   21:18

Прочитано : 17

Print This Article
loading...

Клоп: Одамна немаме ништо освоено, можеме да бидеме само предизвикувачи

  Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од победата на стартот од новата сезона во Премиер лигата. И покрај тоа што многумина сметаат дека „црвените“ се меѓу главните фаворити за највисок пласман, Германецот својот тим  го гледа само како „предизвикувач“.

– Ние сме предизвикувачи на шампионот и не можеме да бидеме ништо друго, бидејќи одамна немаме освоено ништо. Се создаде добра атмосфера, луѓето позитивно гледаат на нашата игра, но многу е рано за носење заклучоци. Ќе биде многу тешко, смета Клоп.

Според него Вест Хем кого Ливерпул попладнево го совлада со убедливи 4:0 во следните натпревари ќе има повеќе успех, а главен конкурент за трофејот на неговите избраници ќе биде актуелниот првак Манчестер Сити.

loading...
  Категории: