Ким Џонг-ун во обиколка на туристичките атракции на Сингапур

Ким Џонг-ун во обиколка на туристичките атракции на Сингапур
11.06.18   18:48

Прочитано : 217

Print This Article
loading...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска замина во обиколка на туристичките атракции на Сингапур, градот-држава каде утре изутрина ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Медиумите од Сингапур известуваат дека Ким го напуштил хотелот во кој е сместен во 21.04 часот по локално време (15.04 по средоевропско време), во придружба на неколкумина високи севернокорејски официјални претставници, вклучиртелно и неговата сестра Ким Јо-џонг и еден од членовите на најтесното раководство на владејачата Работничка партија на Кореја, Ри Су-јонг.

Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, Ким и неговите придружници најевројатно ги посетиле луксузниот туристички центар Марина Беј Сендс, елитниот Скај Парк и комплексот Еспленејд.

Ким и членовите на неговата делегација се сместени во хотелот „Сент Реџис“.

loading...
  Категории: