Казната за Липски уплатена на сметката на Анима Мунди

Казната за Липски уплатена на сметката на Анима Мунди
25.07.17   11:50

Прочитано : 459

Print This Article

Скопјанецот Симо Христовски Липски уплатил 60.000 денари на сметката на здружението Анима Мунди откако беше казнет парично за убиството на бездомното куче Идриз.

Обвинителството го обврзало да ги уплати парите за хуманитарни цели на сметка на Анима Мунди, а со цел укажување помош на животни. Липски ја признал вината, искажал каење, никогаш претходно не бил осудуван.

– Нас оваа казна и овие средства не нѐ радуваат и сакавме да го видиме Липски во затвор, но исто сме свесни дека обвинителот ангажиран на овој случај сторил сѐ што можел, искористил и дискреционо право наместо во Буџетот на РМ средствата бидат наменети во хуманитарни цели, за животните – велат од Анима Мунди.

Најавуваат дека ќе ги искористат парите за итни случаи во име на кучето Идриз, а сликите и итните случаи ќе бидат одбрани јавно.

„Идриз да спаси други, зошто Идриз не можевме да го спасиме. Можеби судот завршил со Липски но ние не. Липски ќе биде засекогаш обележан како убиец, кој пред сѐ, е казнет со осудата на целата македонска јавност, кого успеавме да го казниме финансиски со вкупен износ од 1.800 евра, кривично и по Законот за заштита и благосостојба на животните“, се наведува во реакцијата на Анима Мунди.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести