Како Груевски стана светец

Како Груевски стана светец
7.09.16   13:03

Прочитано : 2,599

Print This Article

(…)
Си биле Груевски и Заев во посета на Мајка Тереза во рајот. Да бараат да станат светци. И му вика Мајка Тереза на пастирот наш да каже две чуда што ги направил. Тепам на избори веќе десет години, одговара нашиов. Добро сега, тоа е чудо не дека не е, ама имаш ли некое чудо направено за доброто на немоќните, сиромашните, прашала светицата. Вашиов Заев таман почнал да се смешка задоволно, Груевски се сетил, Да, мајче, рекол, спасив 400.000 луѓе од сиромаштија, благодарение на мене се отселија од Македонија. А оваа будалетинкава овде сака да ги враќа, хахаха… И така Грујо наш стана светец, а тој вашиот и во рајот остана ко посран голуб. Добар а?

kokalanov

Вицот не е лош, морам да признаам, иако не е ни многу смешен. Особено ако си како мене во останатите 1.600.000 што не се спасија. Не само што сум дел од нив туку ме има дури и во прочистениот список. Што значи дека имам непријатна задача да гласам против светец. Како убив светец, прашаа сестрите Митевски. На избори, си се храбрам. Ако не, рајот не ми бега. Додуша не вистинскиот рај туку овој, инвестицискиов. Туку, остави тоа, сѐ е полесно кога знаеш дека си сограѓанин на светица.

Светицата Мајка Тереза! Единствената наша сограѓанка кон која ние официјално се однесуваме како Грчишта од Халкидики – за да избегнеме националност, во официјална комуникација ѝ се обраќаме со географска одредница „скопјанката Мајка Тереза“.

Но, тоа што самите ѝ ставивме географска одредница не значи дека сме се откажале од битката со Албанија за Мајка Тереза. Напротив. Ја водиме таа битка со нашите најсилни оружја. Со Валентина Божиновска. Читам текст пренесен од странски медиум – „Чија е Мајка Тереза?“. Спорат историчар од Албанија, извесен Зечо, и нашата Вале. „Таа секогаш говореше за нејзините албански корени и нејзината универзална мисија“, вели Зечо. „Ја нарекуваме скопјанката, затоа што таа е една од нас“, му спискува директорката на Националната комисија за односи меѓу верските заедници, скопјанката Валентина Божиновска. Осеќам топлина во градите. Другпат на плажа, кога некој Грк ќе ми рече скопјанос, ќе му кренам палец и ќе го прашам „Вале?“, а тој со кимање на главата и срдечна насмевка ќе ми рече: „Вале. Една од вас“.

(…)

Колумната на Сашо Кокаланов во целост прочитајте ја тука

  Категории: