Како да јадете лук без потоа да мирисате

Како да јадете лук без потоа да мирисате
16.05.18   18:42

Прочитано : 3,977

Print This Article
loading...

Го сакате лукот, но одбегнувате да го јадете поради неговиот непријатен мирис? Сега и за ова постои решение…

Лукот има посебна арома која на многумина им се допаѓа, а притоа е многу здрав. Често го нарекуваат и најсилен природен антибиотик.

Меѓутоа, кога ќе го изедеме, добиваме многу интензивен здив кој навидум не може ништо да го отстрани. Меѓутоа, науката има одговор зошто лукот предизвикува таква реакција! Очигледно, основната причина за тоа е начинот на кој лукот се разградува во нашиот организам.

Кога јадете лук, тој го ослободува ензимот алицин кој има многу силен мирис и кој поради своите сулфурни компоненти може да се задржи во организмот и до 24 часа.

Една од причините е и фактот што тој гас се апсорбира во крвта па се пренесува во белите дробови, од каде ние го издишуваме.

Исто така може да се излачи и преку порите на кожата, со што се објаснува долгото задржување на мирисот од лукот.

Токму поради тоа мастиките за џвакање и испирањето на устата не може да помогнат да се отстрани мирисот, бидејќи тој останува во белите дробови.

Наводно, најдобрата опција за отстранување на мирисот е лимонов сок, кој има способност да ги елиминира ензимите и да стави точка на непријатниот мирис.

Затоа, испијте лимонада без шеќер после оброкот, а може да пробате и со мастики за џвакање со вкус на лимон, или пак, изедете пита од лимон за десерт.

loading...
  Категории: