Јавен предлог до сите нас

Јавен предлог до сите нас
20.03.17   12:28

Прочитано : 929

Print This Article

Што му правеа на сопствениот народ политичарите сиве овие години?

Класично силување. Кој не верува нека го праша легендарниот Тричковски.

Народот, Популот и Милетот е онадената/силуваната страна.

Agron Biba

Ако сме ние, народот-граѓаните на Република Македонија силуваната страна, испаѓа дека целиот Народ, целиот Попул и целиот Милет е од женски род.

Ние сите, драги читатели, без никаков исклучок сме оштетената страна.

И јас, и ти, и тој, и таа, и тоа, и ние и вие и тие.

Сите сме оштетената страна.

И шарените и црвено жолтите, и црно белите и сивите, и целото виножито на општеството во Република Македонија, сосе тие што треба да одговараат пред трите букви на СЈО.

Ние сите сме ЖЕНСКОТО во грдиот понижувачки акт на сексуалното и неволно обљубување.

Во кривичниот законик е запишано како сексуално злоставување, или повеќе народски познато како силување. Народот е женско, и народот е силуван од политичарите.

Политичарите се мажот силувач. Накострешен, аздисан, тој што силува кога сака и како сака.

Тој, народот е од женски род.

Тогаш сите ние, целиот народ, целиот попул и целиот милет, треба да размислуваме како мајка, никако како ратоборен татко.

Ја опитав сопругата некни, дали постои, дали има добра змија? Ме изненади со одговорот. Да, рече, има, змијата мајка, е добра змија.

“ЛИСИСТРАТА—-Аристофан”

Јас ќе речам ….. 411 година во Атина, ќе речам ……. Лисистрата, и ќе речам Аристофан и вие знаете на што мислам.

Јавен предлог до целиот НАРОД, ПОПУЛ, МИЛЕТ и до сите останати Народи, попули и милети, кои се делови од други народи попули и милети, и кои што живеат во Македонија.
“ПРЕДЛАГАМ”

Утре е 21 Март, Светскиот ден на Поезијата.

Предлагам дејствието на народот да започне утре во 9h i 21 min.

( во 9 часот, во чест на трите деветки од 1999 кога УНЕСКО го прогласи овој ден за светски ден на поезијата и нека биде во 21 минута во чест на датумот 21 март).

-Првиот ден да се откажеме од целосна употреба на мобилните телефони.

-Вториот ден да се откажеме од употребата на интернетот.

-Третиот ден да се откажеме од употребата на ТВ приемниците.

-Четвртиот ден од радио приемниците.

-Петтиот ден од дневната штампа.

-шестиот ден да се откажеме од водење љубов.

-седмиот ден да се одмориме од се и да размислуваме за иднината на Нашата Заедничка Македонија, во кругот на нашите најблиски, нашата фамилија.

FAMILIA SUPRA OMNIA.

Утредента, ќе биде понеделник.

Ние ќе продолжиме со постот се до формирањето на новата влада.

Сакам безрезервно да понудам јавно љубов, вера и надеж до сите вас, без разлика дали сте евреи, христијани, муслимани или атеисти ………….

Сите вие кои кои што сте по патот на Мојсие, по патот на Исус по патот на Мухамед или по патот на сонцето, на светлината.
Денес и утре, и позадутре, во Македонија нема да го убијат ни Мозес, ни Исус, ни Мухамед, ниту пак реинкарнираниот Ленин или Мао це Дунг.

Очигледно нашиот претседател, почитуваниот господин Ѓорге Иванов излажа во Сараево кога рече дека ако денес се појавеле Исус и Мухамед во Македонија, граѓаните на Македонија ќе ги убиеле?!?

Тоа беше голема навреда за сите граѓани на Македонија. По сите закони, верски и секуларни.

Во Македонија живее убав народ.

Каква што е природата, таков е и народот.

Дури и во Охрид, живее убав народ.

И во Струга. И во Битола, и во Тетово, и во Делчево, и во Гостивар и Кичево, и во Куманово, и во Гевгелија, и во Дебар, и во Струмица и Велес, и во Прилеп, и во Крива Паланка,и во Ресен и во Штип…па дури и во Скопје живее убав народ.

Во целата наша Прличева Таткојна (да не пишам татко—вина) живее убав народ.

Прличевата ТАТКОЈНА е МАЈКА на сите нас….и мене, и тебе, и нејзе, и нему, и нам, и вам, и ним.

Кој не верува, нека се прошета по својот град, по своето село, по својата чаршија.

Облечете се со насмевка и разменете по едно здраво-живо со своите комшии мои драги сограѓани од сите бои на виножитото.

Јас сум Агрон,

Син на Ѓултен и внук на Мушереф.

Јас сум Агрон, правнук на Зелија Анко, која беше прекрасна прабаба, и жена на Таир Ага од Охрид, за кого се пее следната песна.

Агрон Биба

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: