(ВИДЕО) Јанева: Според законските рокови, Груевски ќе оди во затвор до крајот на октомври

(ВИДЕО) Јанева: Според законските рокови, Груевски ќе оди во затвор до крајот на октомври
10.10.18   23:54

Прочитано : 1,368

Print This Article
loading...

Специјалното јавно обвинителство се бори против високата корупција, и настојува да се вратат парите на граѓаните назад. Основна работа ни е да ги бараме парите и најмногу се насочивме на финансиски истраги, но тој процес трае и нема да заврши во овие пет години мандат на СЈО, изјави вечерва специјалната обвинителка Катица Јанева.

Јанева во вечерашното издание на „Само Вистина“ рече дека според сите законски рокови , Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена.

Специјалната јавна обвинителка рече дека според сите законски рокови, Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на „мерцедесот“ би требало да оди за дваесет дена бидејќи, како што рече, до петок би требало да ја добијат пресудата по што ќе почнеле да течат тие дваесет дена.

Таа на Канал 5 телевизија, рече дека се надева оти СЈО ќе успее да опстане и да се бори против највисоката корупција, и тоа не само кога станува збор за прислушуваните разговори, туку и сега доколку се случува од актуелната власт.

– Нашите предмети нема да завршат со овие пет години мандат. Тој процес трае. Повеќе се насочивме и најмногу работиме на финансиски истраги, да се вратат парите во буџетот, одземени на криминален начин – рече Јанева.

loading...