Изгубена деценија, изгубена генерација

Изгубена деценија, изгубена генерација
16.01.18   13:47

Прочитано : 728

Print This Article
loading...

Македонија имаше историска шанса да го реши спорот со Грција во 2008, да влезе во НАТО и да започне преговори со ЕУ.

Но, тогаш некои политичари решија да го манипулираат народот дека сме можеле да влеземе во НАТО и ЕУ и без решение на спорот.

Додека Македонија тонеше во корупција, пропаганда, самоизмама, непријателство кон соседите и масовно нелегално прислушкување, речиси сите балкански земји ја престигнаа во секој поглед.

Се доведовме во ситуација нашата иднина да зависи не само од добрата волја на Грција и Бугарија, туку за нашата иднина во НАТО сега одлучуваат и Албанија и Црна Гора. Утре, за нашата иднина во ЕУ најверојатно ќе одлучува не само Црна Гора (која ги започна пристапните преговори во 2012), туку и Србија, која ги отвори првите поглавја во декември 2015.

Каков парадокс: лажните борци за сувереност и независност ја доведоа Македонија до состојба да зависи од добрата волја на секоја балканска држава, ако сака да се интегрира во НАТО и ЕУ.

Не ни украдоа само милијарди долари, туку и цела деценија. Уназадија цела една генерација која ја осиромашија и ја доведоа во состојба да пита за бугарски, албански, а кај и да е и српски пасоши.

И, ете, пак дојдовме до истите приказни од април 2008, кога ја објавив колумната „Интеграција или дезинтеграција“.

Жарко Трајаноски – Фејсбук статус

loading...
  Категории: