Изетбеговиќ најавува ревизија на тужбата на БиХ против Србија

Изетбеговиќ најавува ревизија на тужбата на БиХ против Србија
17.02.17   20:06

Прочитано : 67

Print This Article

Стотина експерти и претставници на невладини органзиации и на властите од Босна и Херцеговина денеска го поддржаа поднесувањето барање до Меѓународниот суд за правда за ревизија на пресудата по тужба на БиХ против Србија за геноцид, јавија сараевските медиуми.

Десетгодишниот рок за поднесување такво барање истекува на 26 февраури.

Советувањето беше одржано денеска зад затворени врати во Сараево.

Бошњачкиот член во Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ во обраќањето на собирот рече дека заеднички став бил дека Босна и Херцеговина треба да побара ревизија на пресудата во Хаг.

Таа одлука отвора многу прашања, бидејќи е нејасно дали Изетбеговиќ може да поднесува такво барање, со оглед дека двата останати члена на Претседатлството – српскиот претставник Младен Иваниќ и хрватскиот Драган Човиќ не поддржуваат таква одлука, јави Танјуг.

Иваниќ претходно рече дека таква постапка на Изтебеговиќ би претставувала кршење на Уставот на БиХ.

БиХ ја поднесе тужбата за геноцид против тогашна Сојузна Република Југославија (СРЈ) во 1993 година. Тоа беше прв случај во 60-годишната историја на Судот една држава да тужи друга за геноцид.

Меѓународниот суд на правдата на 26 февруари 2007 година пресуди дека Србија, како првен наследник на СРЈ, не може да биде сметана за осговорна за геноцидот во Сребреница, но сепак оцени дека Белград ја прекшил Конвенцијата за геноцид, со тоа што не ги привел и не му ги предал на Хашкиот трибунал извршителите на ова злосоторство.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: