Иванов во 17 часот ќе се обрати пред јавноста

Иванов во 17 часот ќе се обрати пред јавноста
13.06.18   15:33

Прочитано : 88

Print This Article
loading...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во 17 часот ќе се обрати пред македонските граѓани во врска со договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Тој денеска имаше двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кои го информираа за постигнатиот договор за името.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека средбата траела две минути и најавија дека во текот на денот тој ќе обрати пред граѓаните.

Со соопштение се огласи и Владата. Оттаму информираа дека премиерот Заев и министерот Димитров имале конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекинал и напуштил состанокот и одбил да разговара.

Од Владата ги повикаа сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

Во Владата денеска се одржа и средба меѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Договорот за името беше обелоденет вчера по телефонскиот разговор што го имаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Договорот, како што најави премиерот Заев, утре ќе биде разгледан на владина седница, а по неговото потпишување од страна на двајцата премиери, тој треба да биде ратификуван во парламентите на двете држави.  

  Категории: