Иреални сказни од реалниот живот: Државата да си се врати онаму каде што е родена, а нам да ни го врати одземеното!?

Иреални сказни од реалниот живот: Државата да си се врати онаму каде што е родена, а нам да ни го врати одземеното!?
11.07.18   22:17

Прочитано : 1,290

Print This Article

Она што не можат да го видат надлежните – се гледа од месечината!?

Задоцнето, ама не и заборавено: Никогаш не е доцна за да се остави првиот впечаток!Тоа што не го направи ДПМ, го направивме ние самите.Никој не му дојде на последното испраќање на чичко Ванчо, ме “фатија!” мене да се опростам последен-само затоа што сум му бил соселанец!!!

Воден од заветот и единствениот портрет – своина на мојата приватна архива, посакав да му се оддолжам на мојот прв комшија и прво-учител во литературата, писателот Ванчо Николески.Тоа што не го направи ДПМ, го направивме самите. Пред родната куќа, за Ванчо Николески, проговори поетот Мајо Даниловиќ, во својство на редовен член на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, уште и раководител на Одделот за Балканот и словенскиот свет.Кажа отприлика дека тој е горе, таму некаде, ама гледа дека, ете се родиле чеда кои ќе се присетат за него.Задоцнето,ама,барем, незаборавено!

Еве еден предлог до “вечно доживотните”, Веле Смилески (уште и генерација од стуидентските години) и Раде Сиљан.Тој ме опсипува со пофалбите (заслужени,или не!) дека само во моите колумни “има литература”, ама јас ова не можам да го премолчам.Ќе им се извинам на обајцата, ако, барем, се потрудат наградата Ванчо Ниолески, да се доделува во неговото село, пред неговата куќа, во неговата Спомен соба.Се разбира, сето тоа на наш трошок и вкусен ручек ќе им дадеме!

Тоа што не го направи државата, за нејзиното рагање во Црвена Вода -1943, го направивме самите, со помош на полковник Добре Вељаноски и Ветераните од Охрид. Државата го слави АСНОМ на гола ливада (по акалот на еден кобајаги министер-Баге-Кобајаге!) во Пелинце, а овде беа подготвени документите, овде беа избрани делегатите (и за АВНОЈ-ама не стигнаа!), од овде тргнаа делегатите за “Прохор Пчински”, овде беше првата сојузничка мисија (зародишот на нашето НАТО!), овде беше отпечатен првиот документ на македонски јазик (Манифестот до македонскиот народ на Главниот штаб на НОВ и ПОМ), печатницата “Гоце Делчев”, Болницата воена…Барем заутеха, не почестија со своето присуство, двајца градоначалници (Саше -Вевчани и Зоран-Дебрца), двајца пратеници (Жаклина и Илија), многу славни поети,сликари (Јордан Манасиески,Ѓоко Целески,Стојче и Еми Тоциновски), драгиот Мајо Даниловиќ, проговори за Ванчо Николески пред родната куќа, во својство на редовен член на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, уште и раководител на Одделот за Балканот и словенскиот свет.

Ние нашето го направивме, на потег е државата да се врати онаму каде е родена.

Државата, не само што треба да си се врати онаму каде е родена, туку и нам, на мештаните од село Црвена Вода, да ни го врати одземеното!?

З,ш така? З,ш така требит! И по селското и по обичајно и по официјално-законско право.И по Устав и по Статут!

Во саботата, поканивме многу гости од земјата и светот, да го донесеме брегот (државата), ако тоа веќе не го сака Мухамед!? Отворивме Спомен соба на бардот, истовремено родоначалникот на литаратурата за деца – Ванчо Николески. Со скромно обележје, на светот му кажавме во која куќа е роден!

Главен гостин на настанот беше Никола Матлиески-Пашата, творецот на гигантот ЕМО (на просторот на некогашната градска депонија кај селото Коселнаправи стопанско-рајска градина!), мислителот-стратег, кој на архитектите им кажа дека градот треба да се шири над Охрид, на падините на Петринска планина (сателитската населба на ЕМО), а не до езерото и во езерото, каде урбаната мафија си зазема, си оградува дел од водите, токму под вилата-пенџерото на Хорхе Паљурски!!!

Дојде Пашата (уште и поранешен градоначалник), да испрати една порака: Вие сами си го изградивте патот, со свои средства (самопридонес), без никој да ве присилува (имотно-правни прашања!), дозволивте да бидат пресечени и преку вашите бавчи и ниви да поминува трасата, јас на молба на вашиот соселанец овде присутен (мојата дребност) без денар ви го дадов огромниот катарпилар (уште и гориво во плаќав), да ви ја пробие трасата. Арно, ама, кој веруваше дека со ваш камен ќе добиете по ваша глава! Она што вие сами си го направивте, и го уништија полакомените за пари и профит!!!

Ај што ни го уништија, туку на село не може да појдеме. Ние нагоре со нашите скромни возила, од озгора кон нас – во аветен налет, 20 тонски чудовишта натоварени со ризла.И сега кој ќе бега,малиот, или големиот.Големите чудовишта ги управуваат други чудовишта! Ако газда им е “мистер Калашников”, тогаш штоостанува за нив!?

Урбаната мафија, од наш реон (секако во државна сопственост) извлече милијарди кубици материјал. Се што е подлога за зграда во Охрид, Струга,Кичево… во последниве 30 години е од таму. Сега подлога и за автопатот што го градат “жутите” на Никола Груевски! Можеби не милијарди, тогаш стотици милиони евра, или поранешни дојч-марки!

Урбаната мафија тоа не го можела без државната мафија.Најнапред – Министерството за економија кое ги издава концесиите. Тоа што концесијата е добиена за една локација, а се копа по целата должина на патот, е работа за инспекциите, за МВР. Ние кога си го изградивме патот, ставивме сообраќаен знак: Возила до 4,5 тона. Колку четирите гуми на денешните чудовишта!!!

Нит знак се виде, нит нешто од пат остана! Останаа неколкуте огромни кратери, од кои двата (нешто како со Кинескиот зид) можат да се видат од месечината!!!???

Веле Митаноски

loading...
loading...
  Категории: