Број на објавени текстови денеска: 112
Прочитано : 451
Утврдени се некои потфрлувања во однос на работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Ова го покажал увидот на просветната инспекција во неготинското основно училиште “Гоце Делчев”, откако две ученички нападнаа трета во дворот на училиштето.
– Педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Се мисли на пропусти при регулирањето на изостаноците, од страна на одделни одделенски раководители. Тие требало да достават предлог до соодветните органи во училиштето, за изрекување соодветни педагошки мерки. По извршената инспекција ќе го сторат тоа, со цел позитивно да се влијае врз однесувањето на учениците и да се постигне поголемо чувство на одговорност и спречување на негативно и асоцијално однесување, велaт за МИА од Министерството за образование и наука.
Оттаму додаваат дека од страна на училиштето ќе бидат преземени соодветни мерки за надминување на состојбите.
ШТО СЕ СЛУЧИЛО??? 24 фотки кои веројатно НИКОГАШ нема да ги разбереме
(ВИДЕО) Камера во автобус снимила вистинска ДРАМА: Добро обрнете внимание на ЧОВЕКОТ КОЈ ГЛЕДА ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН
Што ако ЖИВОТНИТЕ не третираа нас како што ние ги третираме нив? 22 слики што ќе ве ЗАСРАМАТ!
17 целосно НЕВИНИ фотки кои ќе ви изгледаат ПЕРВЕРЗНО на прв поглед